Главна храна на доенчињата е млекото, млечни производи, мајчино млеко, млеко во прав кои содржат комплексни шеќери наречени ЛАКТОЗА. ЛАКТОЗАТА е составена од прости шеќери галактоза и глукоза.
ЛАКТАЗАТА е ензим природно произведен од човечкото тело кој е потребен за да се разложат сложените млечни шеќери во едноставни шеќери и со тоа да се помогне во нивната апсорпција од телото. ЛАКТАЗАТА ја подобрува дигестијата на лактоза кај доенчињата кои имаат проблем со разградување на истата. Физиолoшкиот минлив дефицит на ЛАКТАЗА кај доенчињата резултира со напнатост во абдоменот поради преостанатата неапсорбирана ЛАКТОЗА внесена со храната.