OCUhyl C
510 ден
OCUhyl C
Опис: OCUhyl C се стерилни капки за очи кои имаат навлажувачко, смирувачко и лубрикантно дејство, особено за чувствителни очи. Присуството на хијалуронската киселина, кај овие капки за очи обезбедува ефективно и долготрајно ослободување од чувството на сувост и горење во окото или од заморот на очите. Дополнително, капките OCUhyl C се збогатени со природен екстракт од невен,кој нуди заштита против иритација и влијае на регенерација на епителот на окото. OCUhyl C не содржат конзерванси, ниту антимикробни адитиви. Поради тоа овие капки за очи, исто така, се наменети за лица кои имаат чувствителни очи или носат контактни леќи.
Состав: натриум хијалуронат 1.2mg/ml, eксципиенси: екстракт од невен, натриум хлорид, калиум хлорид, калциум хлорид дихидрат, магнезиум хлорид хексахидрат, натриум ацетат трихидрат, натриум цитрат, вода за инјекции.
На залиха