Daleron Cold3
120 ден
Далерон Колд3
Опис:Далерон КОЛД3 е комбинација од парацетамол, псеудоефедрин хидрохлорид и декстро-меторфан хидробромид. Парацетамолот ја намалува покачената телесна температура и ја ублажува болката. Пуседоефедринот го намалува исцедокот од носот и го намалува чувството на затнатост во носот. Декстрометорфанот ја ублажува надразнителната кашлица која се јавува како резултат на иритација на грлото при настинка.
Далерон КОЛД3 ги олеснува знаците и симптомите на настинка и грип:
-ги ублажува благите до умерени болки (главоболка, болки во мускулите, болки во грлото)
-ја намалува покачената телесна температура
-го намалува исцедокот од носот и го олеснува дишењето
-ја ублажува кашлицата
Состав: Секоја филм обложена таблета содржи : 325mg парацетамол, 30mg псевдоефедрин хидрохлорид и 15mg декстрометорфан хидробромид
На залиха