Алгофлоген 100ml
Опис: Алгофлоген е хидратантна крема која помага при состојби на иритација на кожата (црвенило на кожата, чешање, сувост и дехидрација особено предизвикана од сонце, хемиска или термална стимулација). Кремата АЛГОФЛОГЕН поседува анти инфламаторни својства благодарение на каламинот и калциумот во составот. Особено е ефикасна кај изгореници, посекотини, сипаници но и кај промени на кожата каде што се лачи секрет (каламинот и калциумот делуваат на намалување на воспалението и отокот и чешањето а го смируваат и црвенилото на местото на нанесување). Кремата е збогатена со екстракт од алое вера и Д-пантенол кои делуваат смирувачки и противвоспалително, истовремено даваат мекост и нежност на кожата. Екстрактот од невен делува противвоспалително, антисептичко, емолиентно и го потпомогнува процесот на правилна епителизација, без ризик од појава на лузни. Екстрактот од еукалиптус делува моќно антиинфламаторно, антифлогистички и антисептички. Бета каротенот и екстрактот од морков се одговорни за правилна пигментација на местото на нанесувањето како и за правилна епителизација на местото на повредата. Дополнително овие растителни екстракти ја прават кремата одличен и безбеден избор дури и за децата (особено при сипаници, изгореници, црвенило, чешање, егзема). Витаминот А и овозможува на кожата богата хидратација.
Состав: Д-пантенол, Калциум, Витамин А, Алое вера, Каламин, невен
Коментари
Се уште нема коментари за овој производ.