Sensivit содржи витамин А кој го потпомага создавањето на внатрешниот мукозен дел на солзниот филм и заедно со витаминот Е ја подобрува исхраната на корнеата и конјуктивата. Sensivit се користи за третман на недоволно создавање на солзи и за сите форми на синдром на суво око. Sensivit може да се користи кај состојби кои бараат одржување и создавање на заштитен влажен филм на корнеата и конјунктивата.
Состав: кармелоза-натриум 3mg/1ml, полисорбат 80, хидроксипропилбетадекс, алфа токоферол ацетат, натриум хлорид, макроголглицерол хидроксистеарат, витамин А, боракс, динатриум-едетат дихидрат, бензалкониум хлорид, вода за инјекции.