REPLEK Forvita C Kids таблетите за џвакање содржат аскорбинска киселина (витамин Ц) која спаѓа во групата на витамини растворливи во вода. Аскорбинската киселина (витамин Ц) е силен антиоксиданс, ги врзува слободните радикали и на тој начин ги штити клетките од стареење. Има важна улога во одбраната од инфекции (настинки и грип). Го потикнува имуниот систем да создава одбранбени материи. Помага за одржување или спречување на катаракта.
Аскорбинската киселина (витамин Ц) помага при абсорпцијата на железото. Недостаток на витамин Ц предизвикува замор, мускулна слабост, болки во мускулите и зглобовите, сува кожа и коса, бавно заздравување на рани, крварење од носот, чувствителност кон инфекции, крварење и воспаление на гингивите, неправилности при формирањето на забите (кај деца) и скорбут (потешка форма на недостаток на витамин Ц).
Состав: 1 таблета за џвакање со овошни ароми содржи аскорбинска киселина 45mg. Помошни супстанци: сорбитол, ксилитон, прежелатинизиран скроб, коповидон, силициум диоксид колоиден безводен, магнезиум стеарат, ароми: јагода, малина, лимон, портокал, зелено јаболко и лак-бои: алура црвена Е 129, кармозин Е 122, хинолин жолта Е104, портокалова Е 110, зелено јаболко Е 142.