Аскорбинската киселина (витамин Ц) е витамин растворлив во вода, а во организмот учествува во различни метаболички процеси. Има значајна улога во синтезата на колаген и интраклеточниот материјал на различни ткива (кожа, коски, заби, рскавица, тетиви и капиларниот ендотел), а се внесува преку храната бидејќи човечкиот организам не може да го синтетизира. Аскорбинската киселина се употребува за превенција и лекување на скорбут и недостаток на витамин Ц во организмот (хиповитаминоза).
Состав: активна супстанција: витамин Ц (аскорбинска киселина).