– Природен CBD преку антиоксидативното дејство помага во намалување на оштетување на клетките, посебно на сврзното ткиво, ѕидот на крвните садови и ги намалува воспалителните процеси во кожата.
– Екстракт од бршлен ја подобрува циркулацијата и го намалува отокот.
– Готу кола ја подобрува циркулацијата и ги зајакнува капиларите.
– Див костен ја подобрува лимфната дренажа, го поттикнува отстранувањето на токсините и го намалува чувството на надуеност.
– Екстракт од семе од винова лоза го намалува задржувањето на течностите, ја подобрува циркулацијата и еластичноста на кожата.
– Кофеин ги активира ензимите кои ги разградуваат мастите во ткивата опфатени со целулит и помага да се спречи формирање на нови масни наслаги, ја подобрува цврстината на кожата и ја враќа нејзината еластичност.
– Витамин Е ги штити епидермалните липиди, колагенските и еластинските влакна, ја измазнува и омекнува кожата.