Витамините А и Е се липосолубилни витамини и тие имаат важна улога во зајакнување на видот, здравјето на кожата како и заштита на липидните делови на клетката од слободните радикали.
Хидросолубилните витамини Б1, Б2, Б6 и Б12, фолна киселина, ниацин и витамин Ц се есенцијални и вклучени се во многу активности на организмот како што е производство на енергија на клеточно ниво, биосинтеза на ензими и хормони, имунолошка реакција и заштита на хидрофилните делови на клетката од слободните радикали.
Витаминот Ц помага во абсорбција на железото и учествува во многу оксидно – редукцијски процеси во организмот.
Минералите во телото ги извршуваат следните функции: ги зајакнуваат коските и забите, служат како составни елементи на органите и мускулите, крвта, нервите и други органски ткива, го активираат ензимскиот систем, учествуваат во одржување на ацидобазната рамнотежа, учествуваат во комуникација со нервниот систем, во метаболичките реакции итн.
Внесот на витамини и минерали кај децата е неопходен за правилен раст и развиток на организмот. Витамините имаат важна улога за правилен развој на децата и допринесуваат за физичкото и менталното здравје кај децата.
Дополнително, матичниот млеч допринесува за одржување на функцијата на имунолошкиот систем.
Rolly мултивитаминскиот сируп за деца е граничен производ кои содржи 11 витамини, 3 минерали и е збогатен со матичен млеч. Се препорачува:
– за правилен раст и развиток кај децата
– за заштита и подобрување на функциите на имунолошкиот систем
– за деца со намален апетит и симптоми како што се слаба концентрација на училиште, истоштеност и раздразливост
– како додаток на терапија со антибиотици
– како диететска надополна на витамини и минерали особено кај децата во текот на зимскиот и пролетниот период.
Состав: Прочистена вода, фруктоза трикалциј цитрат, Л-аскорбинска киселина, магнезиум цитрат, матичен млеч, ксантан гума, регулатор на киселост, лимонска киселина, Д-а-токоферол ацетат, арома на потрокал ниацин, калциум пантотенат, пиридоксин хидрохлорид, тиамин хидрохлорид, рибофлавин, железо глуконат, фолна киселина, биотин, цијанокобаламин