Го намалува црвенилото, го намалува чувството на чешање и напнатоста, ја зголемува еластичноста и го намалува создавањето на хипертрофични лузни и келоиди.
Начин на употреба: Секој фластер треба да се користи минимум 6 часа во текот на ноќта, кога е најактивен процесот на регенерација на кожата. Фластерот е самолеплив и лесно се отстранува наутро. Секоја вечер се користи нов фластер за време од 3 месеци. За помали лузни, фластерот може да се сече според големината на лузната. Не се употребува на отворени рани, свежи изгореници или слузокожа.
Пакување: 21 фластер. Големина: 12 x 3cm