Витаминот Д има значајна улога во здравиот развој на новороденчињата и децата па се до потенцијално сериозни последици по здравјето на децата во случај на негов недостаток.
Витаминот Д е битен за нормален раст и развој на коските и забите. Припаѓа на групата липосолубилни витамини, се синтетизира по природен пат во кожата каде под влијание на сончевите зраци од неактивен провитамин Д преминува во активен витамин Д3. Заедно со паратироидниот хормон допринесува за нормална апсорпција и го подобрува искористувањето на калциумот и фосфорот од дигестивниот тракт, па има улога во нормалната минерализација на коските.
Витаминот Д3 учествува во процесот на клеточна делба како и синтеза на протеини и контракција на мускули, па допринесува за нормално функционирање на мускулите. Поради недостаток на Витамин Д може да дојде до деминерализација на коските и заболување кое се нарекува рахитис.
Состав : Во една twist-off капсула
-Витамин Д3 = 10 цg (400IE)