Состав: мио-инозитол 2000mg – допринесува за стимулирање на функцијата на јајниците и квалитетот на јајце клетката, L-аргинин HCL 100mg – е аминокиселина, неопходна за хормонален баланс, го помага задебелувањето на ендометриумот, помага за зголемување на крвниот проток кон гениталните, за зголемување на либидото и за постигнување на оргазам, Фолна киселина 400mcg – допринесува за нормалниот раст на ткивата, синтеза на аминокиселини и метаболизам на хемоцистеин, учествува во процесот на делење на клетките, ја зацврстува нормалната психичка функција и имуниот систем, допринесува за намалување на чувството на замор и слабост,
Витамин D (холекалциферол) 10mcg – учествува во процесот на делење на клетката, допринесува за одржување на нормалната концентрација на калциум во крвта и за нормално искористување на калциум и фосфор, Витаминот Д допринесува за одржување на нормалната состојба на коските и забите и за одржување на нормалната функција на мускулите, ја одржува нормалната функција на имуниот систем.