Ревитин Со своите состојки ја храни и јакне косата, ја подобрува циркулацијата во коренот на влакното и го стимулира растот на косата. Пантенолот е еден од ретките витамини кој преку кожата преминува во коренот на влакното, го забрзува обновувањетона клетките и ја одржува виталноста на влакното.
Екстрактот од пиперка (capsicum annuum fruit ext.) и ментолот ја подобруваат циркулацијата и снабдувањето со крв на коренот на влакното.
Рицинусовото масло е богато со витамини, протеини, масни киселини и антиоксиданси и има антибактериско дејство што помага против појава на првут и инфекции на скалпот.
Состав: alcohol, aqua, polysorbate 80, capsicum annum fruit extract, salicylic acid, menthol, ricinus communis seed oil, resorcinol, panthenol.