Ruski балзам масажер е производ формулиран врз база на капсаицин, изолиран од плодот на лута пиперка, која покажува локално антиинфламаторно дејство. На местото на нанесување, ја подобрува циркулацијата што доведува до зголемување на локалниот проток на крвта предизвикувајќи пријатно чувство на загревање.
Ruski балзам масажер се користат за ублажување на мускулно-скелетните болки, напнатоста и вкочанетоста на зглобовите, проследени со отоци. Помага кај остеоартрозата, спортските повреди, грчеви на мускулите, вкочанет врат и болки во грбот (лумбален синдром). Поради долготрајниот топлотен ефект, помага кај сите ревматични заболувања кои се посебно изразени во поладниот дел од годината.
Масажата дополнително ја подобрува стимулацијата на рецепторите, а со самото тоа ја подобрува и прокрвавеноста на ткивото и ја забрзува елиминацијата на токсичните производи од мускулите и околното ткиво. Затоа посебно се препорачува примената на Ruski балзам со масажер, бидејќи со загревање на болното место во комбинација со локална масажа, се постигнува потенцијација на дејствата на капсаицинот, но и позитивно влијае на мускулниот тонус на воспалената регија и ја стимулира миорелаксацијата.
Состав: aqua, PEG-40 hydrogenated castor oil, propylene glycol, glycerin, camphor, carbomer, capsicum, frutescens fruit extract, vanillyl butyl ether, gaultheria procumbens (wintergreen) leaf oil, phenoxyethanol, eucalyptus globules leaf oil, lavandula hybrid oil, rosmarinus officinalis (rosemary)oil, sodium hydroxide, ethylhexylglycerin.