Содржи навлажнувачки состојки и делува благо антибактериски. КОСИНУС спреј за синуси и нос е формулација базирана на природни екстракти и растителни масла. Екстрактот од ирската маховина и масло од Beefsteak plant создаваат облога со продолжен ефект кој ја задржува природната влажност на носните шуплини, ги омекнува мукозните мембрани и влијае на природната регенерација на синусите и одбранбената функција. Маслото од нане, поради содржината на ментол има дополнително антимикробно дејство.
Состав: вода 90.46%, глицерин 5%, ПЕГ- 40хидрогенизирано рицинусово масло 2%, масло од Perilla frutescens 1%, натриум хлорид 0.90%, екстракт од ирска маховина (Chondrus Crispus)0.70%, kalium sorbet 0.15%, арома 0.02%, масло од нане 0.01%.