Силимарин е растителен лек врз основа на плод од млечен трн. Силимарин капсулите се применуваат како супортивно лекување кај возрасни при нарушување на функцијата на црниот дроб кај следните болести и состојби: хроничен хепатитис B и С (воспалителна болест на црниот дроб), оштетување на црниот дроб заради изложување на алкохол со престанување на внесување на алкохолни пијалаци во организмот, цироза на црниот дроб.
Состав: активна материја е прочистен и стандардизиран сув екстракт од плод од млечен трн. Една тврда капсула содржи 168.35-205.76mg екстракт (како сув екстракт, прочистен и стандардизиран) од silybum marinum L. Gartner, fructus (плод од млечен трн) што одговара на 100mg силимарин изразено како силибинин.

