Забрзаното темпо на живот, секојдневниот стрес и притисокот на кој современиот човек е изложен може да предизвика чувство на психолошка напнатост, загриженост, страв со резултирање на состојби на немир и раздразливост.
Флавоноидите, главната активна компонента на екстрактот од пасифлора, се одговорни за смирувачкиот и релаксирачки ефект. Концентрацијата на активната компонента е прилагодена за постигнување на благо смирувачко или хармонизирано дејство врз психата која не предизвикува поспаноста во текот на денот.
Состав: една филм-обложена таблета содржи: 250mg сув екстракт од зелена пасифлора (Passiflorae incarnatae herbal extractum siccum), како активна супстанција.