Парацетамолот ја ублажува болката и ја намалува телесната температура. Пседоефедринот го намалува отокот на носната слузница, со што овозможува проодност во носот и во дишните патишта.
Декстрометорфант ја ублажува кашлицата предизвикана од слаба иритација на грлото и на дишните патишта. Витамин Ц го поттикнува имунолошкиот систем.
Кафетин колд плус се употребува за ублажување на главните симптоми на настинка и на грип (главоболка, болка во мускулите, болка во грлото, затнат нос, зголемена телесна температура, кашлица).
Состав: парацетамол, псевдоефедрин хидрохлорид, декстрометорфан хидробромид и аскорбинска киселина (витамин Ц).